Познатиот пејач Џастин Бибер беше критикуван од Организацијата за заштита на животните поради капутот од вистинско крзно кој тој го носеше во понеделникот во Лос Анџелес.
Од организацијата велат дека тој многу ги налутил, бидејќи оваа негова постапка е голема навреда и е многу себична.
Иако температурите во Лос Анџелес не беа толку ниски, Џастин сепак одлучи да излезе во крзнениот капут во комбинација со скинати фармерки и чизми и со тоа додатно го привлече вниманието на останатиот свет.
На прашањето дали капутот е од вистинско крзно тој гордо одговори дека е, а со тоа уште еднаш потврди дека e дечко со стил кој не размислува на последиците.