Џастин Тимберлејк и Џесика Биел се познати како едни од најзаљубените и најубавите холивудски парови.
Затоа и се очекуваше дека познатиот пејач ќе ѝ го честита роденденот на сопругата на сладок и романтичен начин.
Тој на својот профил на Инстаграм објави фотографии од нив двајца на којашто тој ја бакнува Џесика.
„Ме правиш среќен. Правиш да се смеам. Правиш да љубам. Правиш да сакам да бидам подобар човек. Но, не можам да бидам подоар од тебе…Сега знам дека е подобро да бидеш среќен отколку добар. Прашај ме кој е најсреќниот човек на светот и ќе ти одговорам дека гледаш во него. Среќен роденден, љубов моја“, напиша Џастин за фотографијата.