Џеј Ло настапи во бунда вредна 100.000 долари

Џенифер Лопез за својот последен настап во Лас Вегас се одлучи за бунда од вистинско крзно вредна 100.000 долари.

По нејзиното појавување латино дивата се најде на мета на здружението за заштита на животните.

Станува збор за раскошна бела бунда од крзно од бела лисица, а Џенифер одговори дека ги обожува бундите.

џенифер лопез бунда

„Се обидоа неколку пати да ме испрскаат со црвен спреј. Сепак не мислам да се откажам од крзното бидејќи убаво ми стои“, изјавила пејачката.

А, колку е голема љубовта на Џенифер Лопез кон крзното сведочат и следните примери.

Џеј Ло носи дури и трепки од вистинско крзно чие вградување чини 6.000 долари, а има и сопствена модна линија која во еден дел е од вистинско крзно.

џенифер лопез златни глобуси