Џеј Зи призна, светот во шок: „Ја изневерив Бијонсе“

Џеј Зи во своето последно интервју за „The New York Times“ изјави дека ја изневерил својата сопруга Бијонсе.

Тој искрено вели дека нивниот брак бил спасен со помош на брачна терапија на која оделе по немилиот настан.

Џеј Зи додава дека ја оттурнал Бијонсе од себе поради „лузни“ од минатото, а тоа на крајот довело до неверство.

„Морате да го преживеете тоа. Во тој процес на преживување, што се случува? Нормално, се затварате во себе. Ги криете емоциите. Дури и со жените, се затворате емоционално и не можете да се поврзете со никој… во мојот случај тоа беше премногу длабоко. Се стартуваше со изневерување“, вели музичарот.

Очигледно двојката ги надмина проблемите во бракот, па оваа година го зголемија семејството за уште два члена, близнаците Руми и Сер.