Актерот и мајстор за борилачки вештини, Џеки Чен ќе добие Оскар за животно дело.
Во ноември на гала вечер во Лос Анџелес на актерот ќе му биде доделено признанието за придонес кон филмската индустрија.
Чен (62) е роден во Хон Конг, а досега имше неколку култни улоги во холивудски филмови како „Карате Кид“, „Rush Hour“ и анимираниот „Кунг Фу Панда“.
Во август магазинот „Форбс“ го прогласи за втор најплатен актер во светот со заработка од 61 милион долари, веднаш зад ѕвездата на „Брзи и Бесни“, Двејн Џонсон.