По 56 години во филмската индустрија, 62-годишниот кинескиот актер Џеки Чен, конечно го доби почесниот Оскар за посебен придонес во филмската уметност.
„По 56 години во филмската индустрија, повеќе од 200 снимени филмови, многу скршени коски, конечно Оскарот е мој!“, изјави Џеки Чен на церемонијата на доделување на наградата, во Лос Анџелес.
Наградата почесен Оскар е воведена во 1948 година и ја доделува американската филмска академија на личности кои направиле посебен придонес во филмската индустрија.