Со заедничко соопштение испратено до медиумите, актерката Џенифер Анистон и Џастин Теру ги потврдија гласините дека се разведуваат.
„Во нормални услови, ова ќе го задржевме за себе, но за да ги избегнеме сите понатамошни шпекулации и измислици, сакавме директно да ја изнесеме вистината.Ние двајцата сме најдобри пријатели, па иако патиштата како двојка ни се разделуваат, имаме желба и понатаму да го негуваме нашето пријателство. А, пред сѐ, одлучни сме да ја одржиме длабоката почит и љубов што ја чувствуваме еден кон друг“, стои во дописот што го потпишува гласноговорникот на Aнистон.
Џенифер и Џастин се забавуваа од 2011 година, а тајно се венчаа на 5 август 2015 година. Одлуката за развод е заедничка, а ја донеле сложно кон крајот на минатата година.