Џенифер Лопез во секси фотосесија за „Guess“

Џенифер Лопез е новото лице за последната кампања на брендот „Guess“.

48-годишната пејачка и актерка позира во црно-бела фотосесија, а носечката фотографија беше објавена денес.

На неа Џеј Ло носи кратки шорцеви со висок струк, бела кошула и колан на нејзината половина.

Остатокот од кампањата останува да биде објавен во деновите кои доаѓаат.

Само за потсетување, во нејзиниот последен спот за песната „Amor Amor“, Џенифер Лопез е во аутфит од брендот.