Џенифер Лопез во шик комбинација на ручек со своето момче

Откако светот дозна за нивната врска, Џенифер Лопез и АЛекс Родригез се буквално не разделни.

Парот последно беше забележан во Њујорк, додека се упатуваа во италијански ресторан на ручек.

Ова не беше нивното прво јавно појавување, бидејќи само неколку дена претходно тие се појавија во истиот ресторан рака под рака.

Инаку, атрактивната 47-годишна ѕвезда носеше црно-бела креација од Валентино, чантичка од Шанел и високи чизми над колена од Чезаре Пачоти.

И додека Џенифер прошета како вистинска бомба, Алекс не можеше да ја тргне насмевката од неговото лице.