Познатиот модел Џиџи Хадид е мета на напади на социјалните мрежи, зошто за време на доделувањето на „Американските музички награди“, ја глумеше Меланија Трамп со лажен источноевропски акцент.
Твитер заедницата поради ова ја нарече расист.
„Го сакам мојот, маж Барак Обама и нашите деца Саша и Малија“, се пошегува Џиџи поради обвинувањата дека Меланија го копирала говорот на Мишел Обама.