Џиџи Хадид нема да се појави на шоуто на „Victoria’s Secret“, ова е причината

Откако Кендал Џенер го откажа своето појавување на најновото шоу на „Victoria’s Secret“, следна во низата е Џиџи Хадид.

Моделот вчера преку Твитер соопшти дека нема да се појави на модната писта.

Многу сум разочарана што нема да успеам да се појавам во Кина оваа година. Го сакам моето VS семејство и со мојот дух ќе бидам со сите девојки. Едвај чекам да го гледам шоуто и знам дека ќе биде прекрасно. Се гледаме следната година“, стои во соопштението.

Според извори близки до моделот, поради работни ангажмани Џиџи морала да го откаже појавувањето за брендот.