Џиџи Хадид откри: „Боледувам од Хашимото“

На последната дискусија која ја организираше спортскиот бренд Рибок, чие заштитно лице е манекенката Џиџи Хадид, повторно се зборуваше на темата дека Џиџи е преслаба за да рекламира спортска облека.

Но, конечно Џиџи одлучи да расчисти на оваа тема и за првпат јавно проговори дека причината за нејзиното претерано слабеење е заболувањето на тироидната жлезда со кое се бори веќе две години.

џиџи хадид

Моделот боледува од болеста Хашимото, која наједноставно може да биде објаснета како состојба во која имунолошкиот систем ја напаѓа тироидната жлезда.

Џиџи изјави дека токму терапијата која ја прима во борбата со оваа болест предизвикува губење на тежината.

џиџи хадид