Џијми Оливер отвара ресторани на аеродромот во Виена

Светски познатиот британски готвач Џејми Оливер наскоро на аеродромот во Виена ќе ги отвори своите локали каде ќе може да се вкуси од неговите специјалети.

Џејми ќе отвара „Jamie’s Deli“, „Jamie’s Italian“ и бар, што го потврди и управата на аеродромот во Виена, „Schwechat“.

Ова ќе бидат првите ресторани на Џејми Оливер во Австрија, а ќе бидат сместени на третиот терминал од аеродромот преку кој се одвива дури 60 отсто од патничкиот сообраќај.

џејми оливер