Џин од 340 килограми: Во Хрватска уловена најголемата туна во историјата

Во хрватското море во близина на Ровињ била уловена најголемата туна во историјата, тешка дури 340 килограми, а долга три метри.

Борбата за нејзино вадење од морето траела два и пол часа, пренесуваат хрватските медиуми.

Станува збор, како што тврдат среќните риболовци од бродот “Abyss Fishing”, чиј капетан е Озрен Божиќ, за најголемата риба уловена во хрватското море во историјата.

најголемата туна во историјата