Голферите на еден терен во Флорида, минатиот викенд имаа непријатна ситуација кога здогледаа џиновски алигатор како се движи по тревата на теренот.
Еден од играчите успеа да го сними џиновското животно кое мирно „прошетало“ кон својата дестинација.
Според медиумите од САД, алигаторот живее во близина веќе подолго време и никому не смета, а ако некој не го вознемирува, ни тој не напаѓа. Според нив алигаторот е како маскота на местото, а се претпоставува дека е долг околу 5 метри.
Најголемиот алигатор забележан во Флорида бил долг 4,2 метри и тежел 353 килограми.