Контроверзниот филм „Џокер”, во кој главната улога ја има Хоакин Феникс, ги урна рекордите на киноблагајните воопшто.
Веднаш по премиерата минатата седмица, „Џокер” заработи 93.5 милиони.
Уште пред премиерата, филмот предизвика контроверзии и беше критикуван поради психолошкото портретирање на психопат убиец.
Многумина сметаат дека ваквите психолошки драми поттикнуваат насилство, па потсетија на нападот во градот Аурора, Колорадо, САД, 2012, за време на прикажување на „Бетмен: Воздигнувањето на црниот витез“, при што беа убиени 82 лица. Џокерот е лик од франшизата за Бетмен, па некои луѓе, потсетувајќи на тој масакр, повикуваат на претпазливост.
Продукциската куќа Ворнер брос во официјално соопштение истакна дека „Џокерот“ не е херој.
Филмот е обележан со ознаките „Р“, „18 плус“ а по премиерата, многу гледачи на социјалните мрежи истакнаа дека филмот ги вознемирил и уплашил. Некои дури и не успеале да го догледаат до крај.