Џоли 36-години ја криела својата природна боја на коса: Нема да верувате како навистина изгледа

Анџелина Џоли моментално има проблеми со килограмите и е послаба од било кога, но тоа не ја спречува да си го зачува епитетот една од најубавите жени во светот.

За многу улоги во нејзината кариера има направено разни трансформации, а истите најчесто се однесуваат на нејзината коса.

Но, доколку мислевте дека Џоли е бринета се лажете, актерката откри каква е нејзината природна боја на коса.

анџелина џоли пред 20 години

„Мојата природна боја на коса е темно руса. Но, кога имав само 4 години, мајка ми ме офарба во темно кафена и одлучи така да остане. Подоцна јас веќе бев навикната да бидам бринета и тоа само продолжи така“, изјави Анџелина во едно интервју за германскиот магазин „Das Neue“.

Анџелина Џоли на Самитот за министри во Лондон