Џон Леџенд е последната светска ѕвезда во низа која беше ограбена.
Музичарот остана без својот куфер кој му бил украден од аеродромот Џ.Ф.Кенеди во Њујорк.
Според зборовите на вработените на аеродромот станува збор за нивна грешка.
Момчето кое требало да ги стави сите куфери на количката и да му помогне на музичарот со багажот, заборавил една од торбите пред аеродромот.
На снимките се гледа како куферот е украден, но сторителот е сеуште непознат.
Во багажот на Леџенд имало Картиер манжетни со бели и зелени драги камења кои се во вредност од 30.000 долари, еден пар очила кои чинеле 500 долари како и целата негова облека која била проценета исто толку.
По сторителот сеуште се трага.