Амбер Харт ќе ги донира сите 7 милиони долари што ги доби од разводот со Џони Деп во добротворни цели, односно за помош на малтретирани жени и болни деца.
30-годишната Харт ќе ги донира парите во „Американската Унија за граѓански права“ и во Детсската болница во Лос Анџелес, каде и таа самата волонтира веќе 10 години.
Парите подеднакво ќе бидат поделени на организациите.
„Парите немаа никаква важност за мене и никогаш немале, освен износот кој ќе можам да го донирам во хуманитарни цели со надеж да им помогнам на оние кои не се толку силни да се одбранат самите.“, изјави Амбер за нејзиниот развод со познатиот актер.