Џони Деп и неговата сопруга Амбер Херд се разведуваат!
Американската актерка поднела барање за развод на Високиот суд во Лос Анџелес наведувајќи дека постојат непомирливи разлики со нејзиниот сопруг.
Џони и Амбер неодамна се вплеткани во еден правен случај во Австралија, по што е откриено дека Херд илегално во таа земја внесла две кучиња. Таа во април ја признала вината, односно фалсификувањето на документите. Деп во меѓувреме од судиите во Австралија барал тужба против неговата сопруга.
Двојката се венчаше пред 15 месеци и немаат деца. Деп и Херд се запознале во 2011 година на снимањето на филмот „Дневникот на румот“.
Веста за разводот на Деп и Херд се појавила само неколку дена по смртта на мајката на актерот.