Џорџ Клуни е во паника-не е лесно да си татко на близнаци

Во почетокот на јуни 56-годишниот Џорџ Круни и 39-годишната Амал, станаа родители за прв пат.
Дупла среќа но и дупла мака за познатиот холивудски пар, бидејќи госпоѓа Клуни на свет донесе близнаци.
Клуни на духовит начин им се пожали на медиумите за слатките маки со близнаците.
На прашањето дали ќе се појави на Венецијанскиот филмски фестивал, Клуни се пошегува: “За почеток треба да го исчистам повратеното од смокингот. Порано беше мојата повраќаница, а сега е на близнаците “.

Улогата на татко на близнаци создава паника кај актерот.
“Одеднаш носите одговорност за други луѓе. Тоа плаши. Сега мојата работа е да ги сменам пелените и малку да се разодонам со нив. Не сум мислел дека на 56 ќе станам татко на две деца“.
Освен тоа актерот изјави како неговата сопруга Амал се справува со улогата на мајка: “Таа е како божица од Олимп – прави сè многу убаво!”.