Приказната која се случила пред четири години сега излезе во јавност, а главната улога му припаѓа на Џорџ Клуни.
2013-та година засекогаш ќе остане запаметена од пријателите на актерот, бидејќи тој ги изненади како никој досега.
Во знак на благодарност, Клуни на своите пријатели им подарил по еден милион долари.
„Еден ден ни пристигна групна порака од Џорџ дека на 27 ноември сме кај него на вечера. Не ни претпоставуваме што ќе се случи. На вечерата секој пријател беше пречекан со црв ковчег полн со банкноти од 20 долари. И така во него имаше 50.000 банкноти, што прави сума од 1 милион“, октрива Ранде Гербер, бизнис партнерот на актерот и сопруг на Синди Крафорд.
Џорџ Клуни имал и краток говор пред изненадувањето кое го приредил за своите пријатели.
„Кога дојдов во Лос Анџелес да правам кариера, спиев на тросед и да не бевте вие, не би бил тоа што сум денес. Имав голема среќа што во тие тешки моменти ве запознав вас и поради тоа сакам да ви се заблагодарам“, изјавил актерот.
Тој го платил и данокот за парите, за да може неговите пријатели да заминат со цел милион.