Џорџ и Амал Клуни очекуваат близнаци, а актерот веќе „сериозно“ размислува за имињата на своите деца.
Џорџ моментално го промовира својот нов филм, комедијата „Suburbicon“, а за време на CinemaCon 2017 во Лас Вегас најде време да позборува и со новинарите.
На нивното прашање за имињата на бебињата тој искрено одговори:
„Мојата сопруга ми рече дека не може да ги крстам децата Каса и Амигос. Тоа е единственото нешто кое ми е забрането“.
Инаку Џорџ се шегува на оваа сметка бидејќи „Casamigos“ е името на брендот текила кој го поседува актерот заедно со пријателот Ранде Гербер.
Изгледа на Амал не и се допаѓа децата да ги крсти по текила.