Џорџ Мајкл нема да биде погребан ни во февруари

Семејството на Џорџ Мајкл продолжува да живее во агонија откако им беше соопштено дека до крајот на февруари, нема да може да го погребаат музичарот.

На телото сеуште се прави обдукција, односно тестови кои треба да покажат дали лековите кои ги конзумирал придонеле за смртта кај Џорџ Мајкл.

За ваквите тестови се потребни околу 8 недели.

„Семејстовото мислеше дека тестовите ќе ги добијат до крајот на јануари. Сеуште нема нови информации за случајот, тие се очајни“, вели извор близок до семејството.

Само за потсетување, Џорџ Мајкл почина на 25 декември 2016-та година во неговиот дом во Англија.

џорџ мајкл