Диета со вода – најевтин и најефикасен начин на слабеење

Во ова современо време, интернет просторот изобилува со најразлични режими на исхрана со помош на кои би го намалиле вишокот на килограми.

Веројатнои вие сте пробале најразлични диети.

Но дали знаевте дека всушност најефективен начин на слабеење е доколку значително го зголемите внесот на водата во организмот?

Неколку понови но и постари истражувања покажуваат дека секоја диета е далеку поефикасна, а килограмите значително побрзо се топат доколку значително го зголемите внесот на вода.

Испитаниците во едно истражување што пиеле две чаши вода пред оброкот во периодот кога биле на диета, изгубиле повеќе килограми од оние кои не го правеле тоа.

Истражувањата покажуваат дека водата не само што ја згаснува гладта, туку и ситоста што ја дава е најважниот фактор да ја издржите диетата.

Но и самото пиење на вода го зголемува трошењето на енергија во телото, со што го забрзува процесот на слабеењето.

За побрзо слабеење се препорачува внес на најмалку 2,5 литра вода дневно.

Најделотворна е кога е на собна температура.

Најдобро е да се консумира една чаша вода веднаш по станувањето од кревет, наутро, и пред секој оброк да се консумираат по две чаши вода, а останатото неопходно количество да се внесува во текот на целиот ден, постојано и во мали голтки.

При диета дополнета со физичка активност или пак доколку сте на диета во летните топли месеци неопходно е внесот уште повеќе да се зголеми, односно водата да се консумира во количество од 50 грама по килограм. Значи доколку имате 70 килограми да внесете најмалку 3,5 литри вода дневно.

И секако, консумирањето големо количество вода во текот на денот има и превентивна моќ против појава на дијабетес и бубрежни камења и тогаш кога не сте на диета.