Дијамантскиот прстен е причината за чудното ракоплескање на Никол Кидман (видео)

Корисниците на социјалните мрежи напишаа безброј коментари за начинот на кој оскаровката Никол Кидман ракоплескаше на Оскарите оваа година и која е причината поради тоа.

Во едно интервју Никол открила дека причината поради тоа е прстенот кој го носела.

„Беше толку непријатно и мислев: Навистина сакам да дадам аплауз. Не сакав само да седам така, а и сигурно сите би се прашувале зошто не ракоплескам а тоа би било уште полошо“, објаснила Кидман.

Актерката носела „Harry Winston“ дијамантски прстен од 119 карати со 14 каратен дијамант.