Дизниленд за возрасни! (фото)

Замислете забавен парк во кој се, ама баш се, е во врска со сексот. Токму таков ќе биде “Еротика Ленд” во Бразил.

Првиот во светот забавен парк само за возрасни во кој целата содржина ќе биде инспирирана од сексот, би требало да биде отворен во 2018 година. Планирано е да содржи, меѓу другото: автомобилчиња во облик на пенис, кино со седишта кои вибрираат, воз со “го-го” танчерки, базени за нудисти, грицкалки кои се афродизијаци, Музеј на сексуалноста…

Ако помисливте дека таму и можете да правите се и сешто, се лажете – сексуалните односи меѓу посетителите се строго забранети.

Исто така, идејните творци на овој проект велат дека целта им е нивните гости добро да се забавуваат, но и едукација во врска со здравиот и безбеден секс, па така на пример ќе се промовира употребата на кондоми.

“Тоа нема да биде место за монаси, но ни новата Содома и Гомора”, вели бизнисменот Мауро Мората, еден од творците на забавниот парк и додава: “Ако нашите гости сакаат да преминат во некое друго ниво, може да го направат тоа во околниот мотел”.

Влезницата ќе чини 100 долари, а паркот ќе биде оддалечен два часа возење со автомобил од Сао Паоло.

Додека едните се радуваат на новите работни места и новата туристичка атракција која ќе донесе свеж капитал, другите се загрижени дека тој забавен парк ќе привлече “развратни поединци” и ќе бараат тој проект да се блокира.

парк за возрасни