Македонското хип хоп дуо, „ДНК“ се вклучи кон помагање на настраданите семејства во поплавата во скопско.
Панчо пред некој ден преку Фејсбук јавно упати повик до сите кои познаваат луѓе на кои очајно им е потребна помош, за да можат тој и Андреј да помогнат на семејствата кои се најзагрозени.
По низата коментари и контакт телефони, денеска Панчо и Андреј се упатија во Стајковци каде на граѓаните им помагаа во расчистување на калта и шутот од нивните домови.
Раперот објави фотографија на Фејсбук од првиот исчистен дом, со цел сите да бидат поттикнати и да појдат да помогнат.
Следете го нивниот пример и помогнете!