Докторите дадоа одговор на едно прашање кој што на многумина нема да им се допадне.
Д-р Симран Део од Велика Британија прв предупреди дека всушност пластичните ракавици може да го зголемат ризикот за ширење на коронавирусот затоа што многу работи се собираат на нивната површина, а истите понатаму лесно се пренесуваат.
Доколку вирусот застане на површината од ракавиците подолго отколку што останува на вашите раце кои што често ги миете тогаш вие се изложувате на поголем ризик…
Имунологот д-р Срѓан Јанковиќ во телевизиско интервју имал сличен став за носењето ракавици како и британскиот доктор.
На прашањето дали треба да носиме ракавици одговорил потврдно, но само во одредени ситуации.
„Доколку ги носиме постојано, тогаш ракавиците само ќе го пренесуваат тоа што е на нив, па затоа миењето на раце е многу поважно од ракавици“.
Тој исто така истакнал дека подобро е да ги миеме рацете почесто отколку да носиме ракавици често.
„Подобро е да ги миете рацете многу често, но во ситуации каде што правите нешто конкретно каде што постои ризик од допир, на пример здравствените работници кои што работат со инфицирани луѓе, има смисла да се носат ракавици. А, кога ќе ги извадат и тие задолжително мора да ги измијат своите раце“ – заклучил овој доктор.