Елвис Присли починал во 1977 година на 42-годишна возраст од случајно предозирање.
За неговата смрт и до денес постојат шпекулации, а многумина и не веруваат дека навистина е мртов.
Пред премиерата на новиот документарец за кралот на рокенролот, неговата поранешна сопруга Присила Присли повторно ја отвори темата за смртта на Присли.
Присила, за зависноста на својот покоен сопруг ја обвинува војската. Таа тврди дека дека неговата зависност всушност и започнала кога бил во војска каде што американските војници во Германија морале да пијат таблети и дрога за да останат будни.
Поранешната сопруга е уверена дека кралот на рокенролот извршил самоубиство.
„Знаеше што прави. Луѓето се прашуваат зошто никој не го предупреди. Тоа не е вистина. Ние, најблиските луѓе, постојано го предупредувавме, но на Елвис никој не можеше да му каже што да прави. Едноставно не можевме да го правиме тоа. Веднаш нѐ исфрлаше надвор. Се обидувавме, но немаше никаков ефект“, изјавила Присила.
Оваа изјава во новиот филм за Присила се појави откако минатата година биле откриени писмата што музичарот му ги праќаше на неговиот менаџер, а во кои пишувало дека му е доста од животот, па затоа многумина претпоставуваа дека бил во депресија и дека размислувал за самоубиство.
Присила и Елвис Присли биле во брак од 1967 до 1973 година, но останале блиски и по разводот.