Со месеци се шпекулира дека Амбер Хард, екс сопругата на Џони Деп е во врска со Елон Маск, сопственикот на „Tesla“.
А, синоќа официјално беше потврдена и нивната врска која беше држена во тајност.
Маск, еден од најпосакуваните ергени во светот, вчера објави фотографија на која седи заедно со Амбер Херд во ресторан, а на лицето има голем бакнеж со кармин во иста боја како нејзиниот.
Претходно двојката беше видена во природниот резерват Currumbin Wildlife Sanctuary како се држат за раце.
Таму се забавуваа со неколку од неговите шест синови.