Долгоочекуваниот филм за ова лето: Кара и Маргот се стилски икони на турнејата за „Suicide Squad“

Конечно дојде и денот кога ќе се случи премиерата на долгоочекуваниот филм за ова лето „Suicide Squad“ и во нашите кина.

Веќе неколку недели во тек е европската турнеја на одличната актерска екипа на филмот, меѓу кои и прекрасната Маргот Роби и манекенката која стана актерка, Кара Делевињ.

 Кара Делевињ

Тие блескаа на речиси секоја прес конференција и премиера на филмот, со што за многу кратко време беа прогласени за стилски икони за ова лето.

Маргот Роби и Кара Делевињ

Веќе знаеме дека талентираната Кара има посебен и уникатен стил кој многумина го обожуваат, но вистинско освежување летово беше нејзината колешка, шармантната Маргот Роби која навистина изненади со сите комбинации.

Токму вчеравечер се случи и официјалната премиера на филмот во Лондон, каде вистина убавица во секси издание беше Кара Делевињ која се чини ги „украде“ сите погледи.

 Кара Делевињ

 Кара Делевињ

Убавица во бело беше и нејзината колешка која ги засени останатите на розовиот килим со нејзината неприкосновена убавина.

Маргот