Доналд Трамп и се одмазди на Ким Кардашијан

Старлетата Ким Кардашијан со својот твит покажа зошто забраната за влез на муслиманите во САД е погрешна, а веќе дочека одмазда од Доналд Трамп.

Нејзиниот приватен авион бил пребаран на аеродромот во Лос Анџелес поради сомнение дека во него се наоѓаат илегални мигранти.

Ким со семејството се враќала од четиридневниот излет во Костарика, кога во авионот влегле цариници, па по двочасовниот разговор со нив, семејството Кардашијан смеело да го напушти авионот, а нивното излегување од авионот го снимиле насобраните папараци.

Табелата која Ким ја објави покажува дека екстремистичките муслимански емигранти годишно убиваат двајца Американци, а од друга страна, Американците годишно убиваат 11.000 луѓе.

ким кардашијан