Прв пат е објавено писмото на принцезата Дајана, што му го напишала на својот пријател Дадли Поплак, во кое открива дека таа се чувствувала екстремно изолирано и несфатено во кралското семејство.
Таа писмото му го испратила на Поплак откако ручале заедно во 1991, истата година кога Дајана му ги откри интимните детали од животот на биографот Ендру Мортон, кој пак подоцна ја напиша биографијата „Дајана: Нејзината вистинска приказна“.
„Се чувствувам екстремно изолирано, повеќе од кога било, како што гледам што следува за Британија и за ова семејство… Чувствувам дека ти веруваш во мене Дадли и немаш претстава колку тоа ми значи, зашто континуирано сум несфатена од луѓето околу мене“, напишала Дајана на 3 декември 1991 година и замолила разговорот да го продолжат во јануари зашто и бил потребен негов совет за нејзините мисли.