На изненадување на многумина славната пејачка Тејлор Свифт ја раскина врската со најпознатиот шкотски диџеј и продуцент Кaлвин Харис.
Кaлвин досега молчеше по раскинувањето на врската, но славниот диџеј го заболела изјавата на Тејлор дека, таа ја напишала песната за него, „This Is What You Came For“, на која гостува и Ријана.
Огорчениот Келвин ја нападна на Твитер својата поранешна девојка:
„Јас ја напишав музиката, ја продуцирав песната, ја аранжирав и ги „средив“ вокалите. И таа сакаше тоа да биде тајна, да биде под псевдоним. Да, и таа пее во песната, малку. Таа е одличен текстописец и растури и во оваа песна“.
Се верува дека песната на Тејлор Свифт „Bad Blood“ е инспирирана токму од раскинувањето на пријателството со Кејти Пери.