Дуњата е чувар на витката линија

Дуњата е овошје кое изобилува со калциум, натриум, цинк, железо, бакар, танини и органски киселини.
Во 100 грама дуња се содржани само 57 калории, па нутриционистите ова овошје го препорачуваат и на оние кои сакаат да ја сочуваат витката линија.

Плодовите можат да се јадат пресни, но често се користат за подготовка на слатко, сокови, компоти, џемови како и ракија од дуња.

Сокот од дуња е здрав за желудникот и за цревата, ја ублажува кашлицата и астмата.

Печената и готвената дуња посебно се препорачува за лечење на воспаление на грлото и мукозните мембрани на стомакот, како и за третман на анемија.