Дваесет години подоцна, ќе се снима ново продолжение на легендарниот Матрикс

Култната научнофантастична трилогија „Матрикс“ ќе го добие своето четврто продолжение.

Од Ворнер Брос најавуваат дека снимањето ќе започне на почетокот од наредната година.

Првиот филм Матрикс беше вистински хит во кино салите во 1999. За кратко време стана феномен, па во 2003 следуваа и две продолженија, „Матрикс рилоудед“ и „Матрикс револушнс“, како и еден засебен анимиран филм со наслов „Аниматрикс“.