Две совршени модни комбинации: Ќе сакате да се облечете како Џиџи Хадид

Џиџи Хадид беше прогласена за жена на годината од страна на списанието „Glamour“.

Титулата без сомение ја заслужи, а тоа го потврди со последното појавување.

Џиџи моментално престојува во Њујорк каде во еден ден промени два изгледи по кои полудеа девојките и жените во светот.

Моделот се појави во интересен фустан-кошула, кој беше надополнет со ремен на половината и интересни влечки.

За вториот изглед само влечките беа исти. Џиџи и овој пат се одлучи за светли бои па се појави во кулоти и интересен топ, надополнет со капут во иста боја.

Кој изглед повеќе ви се допаѓа?