Две трудници еден фустан: Сиара го ископира изгледот на Бијонсе

Во Холивуд се случува вистински бејби бум, а едни од најубавите трудници беа дел од афтер забавата на Оскаровската ноќ.

Но, покрај сите прекрасни дами, целото внимание денес е насочено кон Сиара и нејзиниот фустан.

Тоа е така бидејќи пејачката облече идентична тоалета како онаа која бремената Бијонсе ја носеше на „Греми“.

Единствената разлика помеѓу Сиара и Бијонсе беше материјалот на фустанот.

Двете трудници изгледаат прекрасно, се согласувате?