Е ова е среќа: Добила на лото два пати во ист ден

Една жена во Вирџинија успеала во еден ден да купи две добитни ливчиња на кои напишала идентични броеви.

Оваа необична одлука и донесе 2 милиони долари, по 1 милион за секое ливче.

Вирџинија Фајк од Вирџинија, ги купила ливчињата на 7 април и набрзо открила дека на двете ливчиња ги имало добитните броеви кои ги напишала – 5, 13, 17, 20, 30.

лото

„Искрено мислам дека сеуште не ми е јасно што се случи. И понатаму мислам дека ова е сон и само чекам некој да ме штипне и се да исчезне“, изјавила Вирџинија за локалниот весник.

Вирџинија по грешка купила две ливчиња од иста наградна игра, но сепак се одлучила да ја игра истата комбинација на броеви два пати.

„Мислев, ако победам, ќе победам два пати“, додала таа.

лото ливче