Празничната магија порано ја зафати брачната двојка од Лузијана.
Чистејки го својот дом пред Денот на благодарноста, Тина Еренберг пронашла добитно ливче од лотарија.
За време на чистењето, госпоѓата во ноќното орманче пронашла неколку лото ливчиња, а едно од нив било скоро две недели пред истекот на рокот за подигнување на неверојатната добивка од 1.8 милиони долари.
– Ги проверивме бројките безброј пати, изјавил сопругот Харолд Еренберг.
По одбивањето на данокот, ќе им останат 1,3 милиони долари, кои ќе ги чуваат за пензионерски денови.
– Не планираме некои огромни купувања, ниту големи патувања, открил среќниот брачен пар.