Ед Шеран беше обвинет за копирање на „срцето“ на големиот хит на Марвин Геј „Let’s get it on“.
Катрин Таунсенд, Хелен Мекдоналд и Черигел Таунсенд, му испратија тужба на поп пејачот, заради профитирање од нелегалниот хит „Thinking out loud“.
Тужбата е против Шеран, „Гингербред Мен Рекордс“ и „Сони“ и „Атлантик Рекордс“.
Во тужбата се бара да се прекине прекршувањето на авторските права, да му се забрани на Шеран да ја продава песната и да профитира од неа.
Во Март 2015 година, судот пресуди 7.4 милиони долари во корист на фамилијата на Марвин Геј, во судскиот спор против Фарел.