Ед Ширан се повлекува од музичката сцена?

Иако оваа година Ед Ширан се врати на музичката сцена и објави нов албум, низ медиумите се шират гласини дека пејачот сака да се повлече од музиката.

Пред тоа музичарот си зеде една година пауза, во која ќе е далеку од светлата на рефлекторите.

“Ед постигна речиси сè што може да се постигне во музиката”, изјави извор близок до пејачот.

Изворот додава и дека музичарот кој во моментов има врска со Шери Сијборн, би ја поставил кариерата на второ место, ако неговата врска со неа прерасне во брак.

ед ширан