Поголем дел од луѓето денеска „немаат време“ за здрава исхрана и посегнуваат по брза храна отколку по здрави намирници, додека по анкетите, овошјето и зеленчукот се многу ниско позиционирани на скалата на избор на храна.
На научниците и нутриционистите не им е јасно зошто поголем дел од луѓето на Запад така се хранат кога веќе постојат толку одлични, а пред се природни намирници, кои можат да ни ги пружат сите потребни работи.
На пример бананите. Тие се омилена храна на мајмуните, што и не е така чудно, со оглед на тоа што се многу вкусни и хранливи.
Нутриционистите тврдат дека за само еден месец откако ќе почнете да јадете две банани дневно, здравствената состојба би требало значајно да ви се подобри.
Еве како и зошто:
– Бананите содржат многу малку натриум, но многу калциум, што е одлично за регулација на крвниот притисок и здравје на срцето. Научниците откриле дека секојдневното конзумирање на банани може да го намали ризикот од срцев удар дури за 40%.
– Доколку имате проблем со системот за варење, како запек, изедете неколку банани. Тие се одличен извор на влакна и брзо ќе се ослободите од вашите проблеми со цревата.
– Се чуствувате омалаксано и без сила? Бананите ќе ви ја дадат потребната енергија, а се одличен избор и за ужина пред вежбање! Спортистите редовно ја носат во својата торба!
– Дококу на вашиот организам му е потребно железо, бананите можат да ви помогнат. Составот од бананата ги стимулира црвените крвни зрнца и производството на хемоглбин, па им помагаат на слабокрвните луѓе.
– Одлични се против болки во грлото и кашлицата.
– Триптофанот е многу важен за телото, затоа што организмот го користи за да го претвори во серотонин, хормон на среќа. Во бананите го има многу, па затоа кога ќе се почуствувате лошо или ви се чини дека влегувате во депресија, јадете банани!
– Научниците открија дека студентите кои јадат банана за појадок, меѓуоброк и после ручек имаат поголема концентрација. Калиумот од бананите ја стимулира работата на мозокот и го олеснува учењето и помнењето.
– Трудниците треба многу повеќе да внимаваат на исхраната, а бананата е здрава, вкусна и ќе им ги олесни тегобите од кои се погодени поголемиот број на трудници. Бананата ќе го подигне нивото на шеќер во крвта.
Секогаш бирајте зрели банани
Зрелата банана ја произведува супстанцата TNF (Tumor Necrosis Factor), која има способност да се бори против клетките кои се однесуваат невообичаено.
Како бананата зрее, развива темни точки на кората. Што повеќе точки има, повеќе е збогатена со клетки кои развиваат имунитет.
Во тој степен на зреење, бананата е најдобра за варење, затоа што шеќерот од бананата тогаш најлесно се апсорбира, за разлика од помалку зрелиот стадиум на бананата кога е тешка за варење, затоа што скробот сеуште не е претворен во шеќер.
Висината на клетките со антиканцероген ефект одговара на висината на зрелоста на овошјето. Колку бананата е позрела, има повеќе антиканцерогени квалитети.
Кај истражувањата, во споредба со железото, јаболките, лубениците, ананасот и крушите, бананите содржеле најногу антиканцерогени супстанци.