Еден месец по породувањето: Амал Клуни прекрасна во кратко фустанче

Џорџ и Амал Клуни уживаа во романтична вечера во Италија.

56-годишниот актер и 39-годишната адвокатка, кои минатиот месец станаа родители на близнаци, беа фотографирани додека се упатуваа во ресторан покрај езерото Комо.

„Сите беа пресреќни што ги видоа со Амал на вечера. Добија многу прегратки и љубов. Амал изгледаше прекрасно и не изгледаше ни малку уморна. Се смееше и изгледаше среќно“, изјавил анонимен извор за People.

Амал за ова појавување се одлучи за жолт фустан во кој изгледаше прекрасно!