Денеска се навршува точно еден месец од смртта на Џорџ Мајкл, а семејството е загрижено што тој се уште не е погребан и тоа нема да се случи пред февруари.
Таткото на Мајкл, кипарецот Киријакос Панајоти, очаен е поради загубата на синот, кој сака да го погреба според православните обичаи.
Семејството се подготвило за погреб, но телото на Мајкл и натаму е во полиција, зошто неговата смрт, по првата обдукција е оценета како „нејасна“.