Еди Марфи стана татко по десети пат

Славниот комичар и еден од најомилените актери на повеќе гернерации, 57 годишниот Еди Марфи на своите потомци „работи“ уште од 1989 година.

Марфи го доби 10-то дете со својата вереница, 39 годишниот модел Пејџ Бачер.

Портпаролот на актерот откри дека тој добил син. Според него, по породувањето, вереницата на Марфи и неговиот син се во добра здравствена состојба.

Парот е заедно од 2012 година, а веќе ја имаат 2 годишната ќерка Изи Оону. Комичарот и манекенката сакаат приватност и не говорат во јавност за својата врска, а немаат ниту профили на социјалните мрежи.

Еди и Пејџ се запознале уште во 2006-та година, на сетот на комедијата „Куќата на дебелата мајка 2“, но тогаш немаше никакви искри меѓу нив.

Марфи со поранешната сопруга, 50 годишниот модел Никол Мичел има ќерки, 28 годишната актерка Бриа, 18 годишната Золу Ајви, 23 годишната Шејн, 16 годишната Бела и 25 годишниот син Мајлс. Комичарот со директорката за кастинзи, Тамара Худ го има синот, 27 годишниот Кристијан, додека со Паулета МекНели го има 29 годишниот син Ерик.