Двајца шпански психолози од Универзитетот во Гранада докажале дека нашиот нос, баш како и во приказната за Пинокио, навистина не издава кога лажеме.
Пинокио, дрвената кукла која после бројните авантури станува момче, не е само јунак на популарниот роман на Карл Колоди, туку и име на феномени во медицината (Комплекс Пинокио и Синдром Пинокио).
Шпанските научници Елвира Саласар Лопес и Емилио Гомес Милан, со помош на термограф, уред кој ги мери температурите на разните делови на телото, откриле дека кога лажеме, носот не издава, додека температурата во него расте.
Овој феномен кој го нарекле „ефект Пинокио“, се јавува и кога ќе не зафати страв.
Саласар Лопес и Гомес Милан не ја мереле само температурата на носот, туку и другите делови од телото, па откриле дека за време на изведување на фламенко, на танчерите им расте температурата во задникот, а потоа се изголемува и кон горните екстремитети.
– Тоа е термичкиот отпечаток на Фламенкото и секој танц си има свој специфичен отпечаток, изјавил псхологот.