Додека Цеца била на настап во Шведска во нејзиниот дом во Белград се случувала вистинска драма.
Имено во неделата во раните утрински часови тројца напаѓачи пробале насилно да влезат во нејзиниот двор со тоа што се обиделе со автомобили да ја срушат влезната капија.
Трите возила наизменично удирале во вратата но за среќа не успеале да ја срушат и веднаш заминале во непознат правец.
Како што јавуваат очевидците и соседите тоа утро се случувала вистинска драма бидејки при самиот обид за упад во домот на Цеца се слушнале силни удари кои ги вознемириле сите кои што живеат во околината.
Цеца се надева дека набрзо ќе има апсење со оглед на тоа дека напаѓачите се снимени и од безбедносните камери, а целиот случај веќе е во фаза на истрага во полиција.