Марко Маринковиќ – Слаткар синоќа ја прослави јубилејната 30-ка.
Раперот доби роденденско изненадување кое го организираше неговата сопруга, Сања Николиќ.
Таа заедно со 40-на најблиски пријатели во една скопска кафеана направија забава во приватна атмосфера со која го изненадија раперот.
Балони, капи и беџови со 30-ка на нив, но и уникатна торта, се тоа проследено со многу фотки ја одбележаа роденденската забава на Слаткар.
Помеѓу фотографиите најмногу лајкови собраа селфито со кое Сања му го честиташе роденденот.
А, во продолжение погледнете го ексклузивното видео од изненадувањето за Слаткар.